Македонија
23. April 2024 - 21:24

Агресијата кај учениците е резултат на целокупната состојба во државата

Она што се случува во училиштата е резултат на целокупната состојба во државата. Физичкиот напад е кулминација на веќе и онака запоставениот воспитно образовен систем од надлежните. Психолозите веќе подолго време предупредуваат дека живееме во едно хаотично општество, брз начин на живот и немање слух за децата поради што тие се почесто стануваат анксиозни, депресивни но и агресивни.

Час поскоро ни е потребна национална стратегија за образование, сериозен пристап од сите засегнати страни во општеството. Во училиштата мора да се посвети внимание на воспитувањето но и рано откривање на проблемите со кои се соочуваат децата. Доцна е да се преземаат мерки откако веќе  ќе се случат несакани настани. 

Министерството во изминатите неколку години се соочи со многу слични предизвици, но решение за проблематичните деца не најдоа. Според закон, на децата не смее да им биде ускратено правото на образование и грижа па така и по вакви инциденти тие остануваат во истото училиште, но се отвора прашањето што е со сите останати ученици кои ги трпат последиците за сметка на вака поставениот систем.