Кејн: Му честитам на Баер за титулата, Баерн не беше на високо ниво оваа сезона

16.04.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Кејн: Му честитам на Баер за титулата, Баерн не беше на високо ниво оваа сезона

Хари Кејн дојде од Тотенхем да го засили Баерн, а резултатот – „баварците“ останаа без титулата во Бундес лигата. Оваа сезона најтрофејниот германски клуб остана без тронот поради непостојаната игра, неколкуте киксови и перфектната сезона на ривалот од Леверкузен кој се уште е без пораз.

„Фармацевите“ ја освоија титулата, а Баерн се фокусира на ЛШ.
Ова е разочарувачка сезона за нас во Бундес лигата. Му честитам на Баер Леверкузен за тоа што го направија сезонава. Ние не бевме на ниво оваа сезона. Во Бундес има многу силни клубови. Се обидувам да бидам најдобар на секој меч. Нашата следна цел е да го сочуваме второто место и да бидеме успешни во ЛШ. Мене ова ми е прва сезона и впечатокот е одличен. Севкупно, уживам играјќи во Бундес лигата“, додаде напаѓачот на Баерн.

Баерн во среда на „Алијанц“ го игра реваншот од четвртфиналето на ЛШ против Арсенал. Првиот меч во Лондон заврши 2:2.
Баерн нема шанси да го освои ни трофејот од Купот затоа што испадна уште во 1/16 финалето од Сарбрикен, па трофејот од ЛШ им е единствена опција до крајот.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата