Македонија

Собранието го изгласа законот за нефер трговски практики

14 мар 2024

 Собранието на Република Северна Mакедонија на вчерашната седница го изгласа законот за забрана на нефер трговски практики во синџирот на снабдување на земјоделски и прехранбени производи

Со законот се уредуваат условите и начинот како ќе се врши трговија со земјоделски и прехранбени производи. Неговата примена се очекува да влијае во намалување на цените на земјоделските и прехранбените производи, а со та и на квалитетот на производите.

За прв пат во државата се носи вакво законско решение во кое има наведено 26 нефер трговски практики кои ќе се уредуваат. Со овој предлог на Закон се очекува да се елиминира неоправданиот и непропорционалниот трансфер на економски ризик од еден трговски партнер на друг; или да се наметне значителна нерамнотежа на правата и обврските на еден трговски партнер кон друг .Надоместоците кои сега се наплаќаат во договорниот однос меѓу купувач и добавувач, кои надоместоци сериозно влијаат на малопродажната цена на штета на потрошувачите, ќе се сметаат за забранета нефер трговска практика, соопштуваат од министерството за економија.

Во законот исто така е наведено  процентуално колку може да биде максималниот рабат кој може маркетите да го бараат од производителите и добавувачите кои сега надминуваат над 30%-40% од цената, а министерството за економија подготви список со над 2.600 прозиводи, кој ќе имаат ограничена маржа до 10 %, но пред да стапи на сила треба да добие зелено светло од Стопанската комора и Организацијата на потрошувачи.

Предвидена е листа на земјоделски и прехранбени производи каде рабатот ќе биде ограничен на 10 отсто и во склоп на тоа ќе конкурираат меѓу себе синџирите на супермаркети што ќе влијае во намалување на цените. За непочитување на законските одредби, засега во предлог-решението се предвидени глоби до 20.000 евра, соопштуваат од Министерството за економија.

Извор: Министерство за економија

Фото: Pexels



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...