Вучиќ за отсуството на Курти во Њујорк: Зафатен е со поткопување на регионалната стабилност, води кампања во Северна Македонија

Албин Курти / Фото EPA-EFE/MARTIN DIVISEK

Српскиот претседател Александар Вучиќ на седницата на Советот за безбедност на ОН за шестомесечниот извештај за работата на УНМИК во Косово, изјави дека „косовскиот премиер Албин Курти не е во Њујорк, туку е зафатен со поткопување на регионалната стабилност бидејќи тој лично ја води кампањата за изборите на неговата партија во соседна Северна Македонија“, јави дописникот на МИА од Белград.

-Замислете, најпопуларен политичар во Македонија не е Албин Курти, туку претседателот на Србија Александар Вучиќ, кој притоа нема никаква кампања во Македонија. Се извинувам како претседател на Србија што нашиот државјанин вака се однесува на меѓународна сцена, рече Вучиќ. .

Тој порача дека Србија не се меша во внатрешните работи на Северна Македонија.

-Сакам да им пренесам на луѓето во Северна Македонија дека мешањето во нивните внатрешни работи не е политика на Србија, туку на нашиот неодговорен државјанин Албин Курти,

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот