Нов успех на македонски научници во светски рамки

Издавачката куќа Intechopen досега има објавено преку 6900 книги со отворен пристап од областа, на природните науки, медицината, нано-технологијата, вештачката интелигенција, со преку 184 илјади цитати во дата базата web of science и со над 3,3 милиони посетители месечно, а на која свои публикации објавиле и автори номинирани за Нобеловата награда.

Македонскиот научно-истражувачки тим составен од проф. д-р Владимир Рендевски од Медицинскиот факултет Скопје и асс. м-р Борис Алексовски од Природно-математичкиот факултет Скопје освоија уште едно признание во меѓународни рамки. Тиа се автори на поглавјето во книгата „Двете страни на глутаматот“, публикувана од Британската издавачка куќа Intechopen од Лондон, најголемо издаваштво за стручна литература со отворен пристап во светот.