[ВИДЕО] Фризерка открива трик за коса која брзо се масти, а не чини ниту денар

Точка

12/04/2024

18:56

7.783

Големина на фонт

а а а

Ако косата брзо ви се масти и морате да ја миете речиси секој ден, испробајте го овој трик кој трае само десет секунди, а ќе го намали прекумерното производство на себум на скалпот, тврди поранешна фризерка.

Овој третман, освен што ќе помогне вашата коса побавно да се масти, ќе ја направи и многу мека.

Ели Диксон често споделува совети за совршена коса на социјалните мрежи, а овој најнов совет се базира на нежно масирање на главата неколку секунди пред да ја измиете косата.

„Полека масирајте го скалпот со врвот на прстите, но внимавајте да не ја заплеткувате косата или премногу да ги влечете прамените. Потоа земете четка, по можност со меки или мешани запци и исчешлајте ја косата од коренот до врвовите“, објаснува таа.

Како што вели, со овој трик брзо ќе забележите дека вашата коса има помалку суви врвови, а поголем волумен, додавајќи дека овој третман може да го одложи миењето на косата за еден ден.

„Ако се прави правилно, масажата ќе го намали производството на себум и ќе го стимулира протокот на крв, а со самото тоа ќе се забрза растот на косата“.

Корисниците на социјалните мрежи ја коментирале нејзината објава, а некои од нив истакнале дека го пробале овој метод и дека нивната коса е навистина поубава и помалку масна.



Спонзорирани линкови

Маркетинг