Избегната трагедија во скопски Центар откако пожа изби во куќа зад Универзална сала

Избегната е трагедија во скопски Центар, со херојска реакција на соседите во последен момент спасени се 80 годишен маж и неговата сопруга, по пожарот кој избил во нивниот дом позади Универзална сала.

Сопствениците се сомневаат дека пожарот настанал од полнач приклучен во спалната соба, а пламенот се проширил за неколку секунди низ целата куќа. По само кратко време од пријавувањето пожарникарите, брзата помош и полицијата се појавиле на самото место.

Сопствениците биле веднаш прегледани од медицинските екипи, кои констатирале дека се во добра состојба. Пожарникарите пак кои го локализираа огнот, неколку часа се бореа целосно да го изгаснат истиот.