Европските купувачи ги разграбаа сите копии на корејскиот електричен новитет

На 9 ноември годинава Hyundai ја отвори продажбата на моделот Ioniq 6 на одредени европски пазари. Тој понуди 2.500 примероци однапред, што очигледно не е доволно затоа што сите копии беа купени до следното утро.

Треба да се има предвид дека моделот беше понуден во Германија, Велика Британија, Франција, Холандија и Норвешка.

Потребни беа помалку од 24 часа за да се продадат сите достапни копии.

Среќниците кои успеале да го резервираат својот примерок треба да почекаат, најрано до март следната година. Сите останати ќе мора да почекаат до пролет.

Hyundai Ioniq 6 во првото издание се напојува од два електромотори со вкупна моќност од 325 КС (и 605 Nm), а батеријата е со капацитет од 77,4 kWh.

Во Германија се нудеше по почетна цена од 66.400 евра.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.