Ѓоковиќ и Иванишевиќ ненадејно ја прекинаа соработката: 5 правила до кои морал да се држи тренерот

Откако Новак со емотивна порака откри дека ја прекинува соработката со Горан Иванишевиќ, во јавноста повторно се зборува за правилата кои морал да ги почитува хрватскиот ас како негов тренер...

gjokovikj-i-ivanishevikj-nenadejno-ja-prekinaa-sorabotkata-5-pravila-do-koi-moral-da-se-drzhi-trenerot-01.jpg

Спортскиот свет денес (27.03) беше изненаден од веста дека најдобриот светски тенисер, Новак Ѓоковиќ и неговиот тренер, некогашниот победник на Wimbledon, Горан Иванишевиќ, повеќе нема да работат заедно.

Новак откри дека Горан веќе не му е тренер, преку својот Инстаграм профил, каде објави две фотки со поранешниот хрватски тенисер и му испрати емотивна порака дека секогаш ќе биде негов пријател.

„Јасно се сеќавам на моментот кога го поканив Горан да биде дел од мојот тим. Беше тоа во далечната 2018 година, а јас и Мариан (поранешниот тренер) баравме некој кој ќе внесе магија во нашето дуо.

Всушност, работата со него не само што ми помогна да го подобрам мојот сервис, туку донесе многу смеа, радост, смеа, најдобри рангирања на АТП листата, срушени рекорди и нови 12 Гренд слем титули (и неколку финалиња). Дали спомнав дека имаше и малку драма?

Горан и јас решивме да престанеме да работиме заедно пред неколку дена. Нашата хемија на теренот имаше подеми и падови, но нашето пријателство секогаш беше цврсто како карпа.

Горд сум што ќе кажам (не сум сигурен за него) дека освен што освојувавме турнири заедно, со години се натпреварувавме и во ‘Не лути се човеку’. А тој турнир никогаш немаше крај за нас. Шефу, ти благодарам за сè. Те сакам“, напиша Новак.

Тој сепак, не откри зошто ја прекинале соработката, а медиумите во регионот шпекулираат дека Иванишевиќ е изморен од темпото на Ѓоковиќ и дека му е потребен мир, а не непрестајно трчање по светот.

Во пораката Ѓоковиќ затскриено ги спомна нивните чести караници на теренот, особено на натпреварите кога губеше, па најчесто знаеше да се развика токму на Иванишевиќ.

gjokovikj-i-ivanishevikj-nenadejno-ja-prekinaa-sorabotkata-5-pravila-do-koi-moral-da-se-drzhi-trenerot-02.jpg

Иванишевиќ на овие изливи на лутина и бес најчесто превртуваше со очите, а Ѓоковиќ често му викаше, но не со намера да се скара, туку да се ослободи од негативната енергија и да добие совет.

Поттикнати од оваа нивна динамика на „љубов и омраза“, медиумите уште одамна пишуваа за правилата кои Иванишевиќ мора да ги почитува на теренот, за Новак да биде среќен (или помалку лут кога нештата не му одат од рака).

gjokovikj-i-ivanishevikj-nenadejno-ja-prekinaa-sorabotkata-5-pravila-do-koi-moral-da-se-drzhi-trenerot-03.jpg

Овие необични правила очигледно му помагаа на Ѓоковиќ да ја надмине кризата на теренот, бидејќи заедно освоија неверојатни 12 Гренд слема за неполни 6 години.

Кои се петте правила што Ѓоковиќ ги имаше за Иванишевиќ и целиот тим?

1. Кога противниците ќе ја погодат линијата неколкупати, а Новак се врти кон својот тим и коментира за тоа колку среќа има противникот - тимот не смее да одговара.

2. Кога не е задоволен од својата игра, Новак се врти кон соработниците и коментира што не е добро, но без да бара совет - тие повторно треба само да го слушаат.

3. Новак самиот ја критикува својата игра, но овој пат да добие совет и повратна информација од Горан Иванишевиќ, со кого комуницира само за тениски работи.

4. Ако советите од Иванишевиќ не вродат со плод, тогаш Новак смее да го критикува Иванишевиќ и да му приговара - но Горан не треба да му враќа.

5. Кога е незадоволен од својата игра и сака да промени нешто, тогаш ги критикува членовите на тимот и им вика, често употребувајќи и вулгарности - тие не треба да го сфатат ова лично.

За потсетување, пред Иванишевиќ, Новак соработуваше со Хрватот Марин Чилиќ, Чехот Томаш Бердих и Канаѓанецот Милош Раониќ.

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Докази дека лажно ја обвинил бившата сопруга за крадење пари - Нова драма за Иванишевиќ Ги тужеше поранешната сопруга и ќерката Амбер за финансиски малверзации, им ги б...
Видео кое го згрози регионот: Босанскиот рапер Буба Корели ја влече девојката за коса на улица + сит... „Се надевам дека ова го гледаат девојчиња и жени кои одат на настапите на Буба К...
Јелена Ѓоковиќ во кул комбинација и накит од 4.000 евра издоминира во Скопје: Се дружеше со Македонц... Јелена Ѓоковиќ во Скопје беше облечена во циклама панталони со висок струк и кош...
Таткото на Новак Ѓоковиќ: „Долго време криевме една тајна од Новак - тоа се одрази врз моето здравје... „Имав сепса на крвта, вода во белите дробови, гнојни апцеси и две бактерии. Докт...
Цеца и Јелена Ѓоковиќ со обетки од 11.000 евра - Српските ѕвезди не штедат за накит Што им е заедничко на Јелена Ѓоковиќ, Цеца Ражнатовиќ, актерката Мирка Васиљевиќ...
Што знаеме за првата сопруга на Огњен Амиџиќ – Таа го запросила, ретко се појавувал со неа во јавнос... „Првиот пат стапив во брак затоа што мислев дека така треба, а не затоа што бев ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg