Коронавирусот и дезинформациите - како е со светот, на Балканот и во Македонија?

Март 2020. светот е во паника, новиот вирус се шири забрзано. На мапата на Ковид-19 се наоѓа и Македонија. Стра и исчекување и многу нови наративи. Потребни и непотребни набавки на правење залихи на тоалетна хартија, брашно и шпагети. Смртноста во Македонија расте, Вакцинацијата доцни, но забрзани се шират теориите на заговор. Медиумите наспроти или заедно со лекарите? Коронавирусот и дезинформациите - како е со светот, на Балканот и во Македонија? Здравствената криза која ја предизвика пандемијата, креираше многу можности за ширење дезинформации локално, но и на светско ниво. Дезинформациите, теориите на заговор и манипулациите, предизвикуваа силна загриженост кај јавноста, која резултираше со недоверба кон здравствените капацитети. Покрај тоа, изложеноста на дезинформации придонесе јавноста да се обесхрабри и да биде недоволно подготвеност за процесот на имунизација.

Во 24 Отворено гостуваат новинарите Ирена Мулачка, Владимир Петревски, претседателот на Комисијата за заразни болести проф. д-р Александар Петличковски и Мириам Леунисен од германската асоцијација на новинари.