Научниците успеаја да го уништат ХИВ вирусот од клетките користејќи CRISPR метода

Точка

20/03/2024

17:06

4.082

Големина на фонт

а а а

Научниците објавија дека успешно го елиминирале ХИВ вирусот од заразените клетки со помош на технологијата за уредување на гени, наречена CRISPR систем, која е моќна алатка за уредување на гените.

CRISPR на молекуларно ниво ја сече ДНК-та како со ножици и го трга или деактивира непожелниот дел, пишува Би-би-си, потсетувајќи дека откритието на овој систем им донесе на научниците нобелова награда за хемија.

На крај се надеваме дека целосно ќе успееме да го ослободиме телото од вирусот, иако е потребно многу работа да се провери дали методата е безбедна и ефикасна.


Постоечките лекови против ХИВ-от можат да го запрат вирусот, но не можат да го елиминираат од крвта.

Тимот научници од Универзитетот во Амстердам, претставија резиме од своите наоди во медицинска конференција оваа недела, истакнаа дека нивната работа останува само концепт за третман и нема наскоро да стане лек за ХИВ.

Д-р Џејмс Диксон, вонреден професор по технологии за генетска терапија во Универзитетот во Нотингем, вели дека наоди бараат целосно и дополнително да се истражат. „Ќе биде потребна многу повеќе работа да се преточат резултатите од ваквите клеточни анализи во идна терапија“, рече тој.


Исто така други научници го користат CRISPR против ХИВ вирусот. Excision BioTherapeutics тврди да 48 неделното истражување на тројцата доброволци со ХИВ нема покажано сериозни несакани последици.

Загриженост за можните долгорочни несакани ефекти

Д-р Џонатан Стој, експерт за вируси во лондонскиот институт Френсис Крик, вели дека елиминирањето на ХИВ од сите клетки во телото што би можеле да го содржат е „исклучителен предизвик“.

Тој е загрижен за „ефектите од третманот, кои би можеле да имаат долгорочни нуспојави“ и верува дека „ќе поминат многу години пред терапијата базирана на CRISPR да стане рутинска, дури и под претпоставка дека нејзината ефикасност може да се докаже“.


ХИВ ги инфицира и напаѓа клетките на имунолошкиот систем, користејќи сопствена машинерија за да направи копии од себе. Дури и со ефективен третман, некои клетки влегуваат во мирна или латентна состојба, но сепак содржат ХИВ ДНК или генетски материјал без активно создавање на нов вирус.

На повеќето луѓе со ХИВ им е потребна доживотна антиретровирусна терапија, а доколку престанат да ги земаат лековите, заспаниот вирус може повторно да се разбуди и повторно да предизвика проблеми.




Спонзорирани линкови

Маркетинг