Првите недели од бременоста може да бидат многу предизвикувачки емотивно. Тоа е време кога трудницата е вознемирена и се плаши за здравјето на бебето, па сигурно ќе посвети многу време во истражување и анализа на различни симптоми.

Еден симптом особено може да предизвика страв – крвавење во раната бременост, без разлика дали се работи за прва или трета бременост. Крвавењето во раната бременост може да биде поврзано со имплантација или резултат на нешто посериозно, но како да го препознаете?

Како изгледа имплантационото крвавење и кои се знаците дека станува збор за нешто посериозно?

За повеќето жени, секој необичен грч е причина за аларм. Новите симптоми, заедно со анксиозноста поради промените што се случуваат во телото, можат да создадат напнатост, како и страв од можно губење на бременоста.

Во раните фази на бременоста, приближно 10 до 14 дена по зачнувањето, дамките или крварењето се сметаат за нормални. Ова се нарекува имплантационо крвавење, кое е вообичаено и обично не е причина за загриженост. Имплантационото крвавење се јавува кога оплодената јајце-клетка се прицврстува на ѕидот на матката.

Имплантационото крвавење се разликува по тоа што има кафеава или посветла боја. Згрутчувањето е често присутно и кај двата типа на крвавење, но кај имплантационото крварењето е благо и се смирува по неколку часа или денови. Крвавењето од спонтан абортус може да започне лесно и спорадично, а потоа да стане тешко со згрутчување или парчиња ткиво.

Ако вашето крвавење не е ниту спонтан абортус ниту имплантационо крвавење, големи се шансите дека започнала менструацијата.

Едноставен начин да се утврди дали вашето крвавење е менструално, имплантационо или спонтан абортус се грчевите кои стануваат посилни, придружени со гадење, дијареја и појава на згрутчување кои обично се поголеми од нормалното. Крвавењето може да личи на талог од кафе и да варира во боја од розова до светлоцрвена.

Ран спонтан абортус

Ризикот од спонтан абортус е најчест во првиот триместар и се јавува кај 10-15 отсто од бременостите во кои жената знае дека е бремена. Ако спонтан абортус се случи пред осмата недела од бременоста, може да биде тешко да се препознае. Раниот спонтан абортус може да изгледа како менструација. Подоцна, крвавењето може да стане обилно со згрутчување или парчиња ткиво од фетусот или плацентата.

Откако ќе го слушнете отчукувањето на срцето на бебето, обично околу осмата недела од бременоста, ризикот од спонтан абортус паѓа на околу 5 отсто. Во втората половина од првиот триместар, 8-13 недела, ризикот од спонтан абортус паѓа на 2-4 отсто.

Секојпат кога ќе пропуштите менструација или ќе имате обилно крвавење, добро е да се консултирате со лекар за да се исклучи спонтан абортус или вонматерична бременост. При крвавење со слуз, згрутчување на крвта и парчиња ткиво што ги придружуваат контракциите на матката потребна е посета на лекар.

Дали стресот може да предизвика спонтан абортус?

Во повеќето случаи губењето на бременоста се јавува како резултат на генетска грешка или во случаи кога клетките не се делат правилно. Иако не можете да влијаете врз спонтаниот абортус, постојат одредени животни навики кои можат да придонесат за зголемен ризик од губење на бременоста.

Рекреативната или тешка употреба на дроги, пушењето, нелекуваниот дијабетес, проблемите со тироидната жлезда или промените во матката, како што се полипи, фиброиди или ендометриоза, може да ја зголемат можноста за ран спонтан абортус. Но, постојат истражувања што потврдуваат дека и психолошкиот стрес, животните проблеми или напнатоста на работа се поврзани со зголемен ризик од спонтан абортус.

Извор



912

X