Истражување: Учениците во Британија плукаат, пцујат, фрлаат столчиња и ги малтретираат наставниците
Речиси секој петти наставник во Англија бил удрен или малтретиран од ученик оваа година, според истражувањето нарачано од Би-Би-Си. Плукањето, пцуењето и фрлањето столчиња се дел од работите кои често се случуваат, се нагласува во истражувањето.
Наставник изјави за Би-Би-Си дека справувањето со однесувањето на учениците е „битка без крај“. Синдикатот на наставниците ги цитираше своите членови кои велат дека ситуацијата се влошила по пандемијата Ковид-19. Одделот за образование објави дека има инвестирано 10 милиони фунти во центри за однесување за поддршка на училиштата.
Наставник во основно училиште од 35 години рече дека дури и децата од предучилишна возраст плукаат, пцујат и фрлаат столчиња во училниците.
Ако имате три или четири деца со такво однесување во паралелка од 30 ученици, многу е тешко да се воведе ред, истакна наставничката.
Друг наставник раскажал за пример кога ученик кој бил исфрлен од часот се обидел да влезе во собата со палка за крикет.
Истражувањето покажува и дека конфронтациите меѓу родителите или старателите и наставниците и директорите се во пораст.
Има извештаи и за физички напад.