ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
09.04.2024
(Видео) Затемнувањето на сонцето – феномен кој ќе се повтори во 2045 година
Автор: Goce Author

Милиони луѓе го гледаа целосното помрачување на сонцето. Оние кои ќе го пропуштат ќе мора да чекаат до 2045 година за следното. Што треба да се знае за овој небесен феномен.

Што се случува за време на целосно затемнување на сонцето?

Кога месечината поминува директно меѓу земјата и сонцето, блокира дел од светлината која инаку патува до земјата и фрла сенка на нејзината површина. Таквиот настан го нарекуваме тотално помрачување на сонцето. Не е ништо поразлично од раката со која си фрламе сенка на лицето кога сакаме да го блокираме сонцето што зрачи директно во нас. Само што еклипсите се случуваат на многу поголемо космичко ниво. За време на помрачување набљудувачите може да забележат чудни сенки во форма на срп на патосот, нагло опаѓање на температурата и чудно однесување на животните и птиците.

Како се набљудува помрачувањето?

Да се гледа директно во сонцето без специјализирана заштита за очите, не е безбедно и со и без затемнувањето. Директното сончево зрачење може да го оштети видот. Да се гледа сонцето низ леќата на камера, двоглед или телескоп без специјален соларен филтер веднаш ќе предизвика сериозна повреда на окото. Потребни се специјални очила за затемнувањето.  Ако тоа е проблем може и дома да се направи едноставен проектор со која ќе може проекцијата на сонцето да се гледа на бел лист хартија.

Како милиони луѓе на американскиот континент го следеа затемнувањето на Сонцето?

Луѓето со овации го следеа преносот во живо на НАСА кој се емитуваше од повеќе локации долж патеката на затемнувањето. Настанот почна на пацифичкиот брег на Мексико во 20:07 часот по средноевропско време. Мексиканскиот претседател Андрес Мануел Лопез Обрадор уживаше во „незаборавен ден“ во крајбрежниот град Мазатлан. Патеката почна да ја минува првата од 15-те погодени американски држави, од Тексас до Мејн, по што се упати кон источна Канада, каде што го заврши своето патување. Севкупно, сенката на Месечината помина над Америка за околу 90 минути.

„Целосното затемнување е еден од најемотивните настани што човек може да ги доживее. Бидете присутни. Заборавете на апаратите. Не обидувајте се да го снимате, само бидете присутни”. изјави астрономката на НАСА, Џејн Ригби.

Текстот е изработен од страна на средношколци практиканти од СОУ Коле Нехтенин – Штип, како дел од соработка меѓу ГОЦЕ.МК и средните училишта.

Автор: Антониа Симјоновска

Професорка по имунологија одговара дали е возможно да имаме колективен имунитет без вакцинирање на децата?
Како стресот од испитната сесија влијае врз менталното здравје на студентите?