Докторот во Железара не бил убиен поради лекарската професија, приведени се тројца осомничени
Мирослава Симоновска
Пред
Возила на Итна медицинска помош
/ Фото: Архива на „Слободен печат“
Приведено е уште едно лице за убиството на матичниот лекар Ацо Трповски кој со убодни рани беше пронајден во својот автомобил пред поликлиниката во Железара каде имал приватна ординација. Како што информираше техничкиот министер за внатрешни работи Панче Тошковски, сега има вкупно три приведени лица.
-Претресот е завршен во доцните вечерни часови. Се продолжува со други истражни дејствија за да се утврди фактичката состојба. Штом има други информации,ќе ја информирам јавноста, рече Тошковски при посетата во Струмица.
Синоќа Тошковски во емисија кажа дека мотивите за убиството на докторот не биле поврзани со неговата професија.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не.
Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат.
Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.
ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
Трки со автомобили по булеварот Партизански одреди во ноќните часови, возење со недозволена брзина преку ден, дивеење на дел од моторџиите, непочитување на сообраќајни возила и прописи, сето тоа ја намалува безбедноста во сообраќајот, за што сведочат и неколкуте сообраќајни несреќи на овој булевар во последниот период. Недозволено паркирање, прекумерна бучава од градилиштата и кафулињата, …
Звуците на „Трубадур“ вечерва ќе го означат почетокот на Мајските оперски вечери. Богата програма ќе биде распостелена на раскошната цена која ќе блесне во сјајот на традицијата стара 52 години. Добиј ги најважните вести, бесплатно на Viber Меѓу бројните гости од странство Италија, Египет, Кина, Канада, Бугарија, Словенија, публиката ќе има прилика во „Трубадур“ да …