Уставен одлучи: Нема повеќе апанажа за поранешните функционери

Функционерите кои си поднеле оставка или биле разрешени нема да можат да земат апанажа - Уставниот суд го укина членот 22 од законот за плати и надоместоци на избрани и именувани лица.

Судиите ја отфрлија  иницијативата на Левица и нема да  отворат предмет со кој се оспоруваше функцијата на  првиот заменик на претседателот на Владата за политички прашања, Артан Груби.

Од судот појаснуваат дека ваква иницијатива разгледувале во декември и веќе се изјасниле за неа.