Македонија
2. May 2024 - 16:34

Обвинителството со огромен број докази за распределбата на спортски ваучери

Обемен доказен материјал обезбедило обвинителството за распределбата на спортски ваучери. Според информации на Сител, направеното економско вештачење на повеќе од 500 страници и над 1.400 материјални докази го откриле криминалот на 12 мината осомничени, меѓу кои, сегашниот и претходниот директор на Агенцијата за млади и спорт. Истрагата ја отвори антикорупциска, а дополнителните проверки на обвинителството, утврдиле дека преку распределбата на спортските ваучери, осомничените проневериле над 5 милиони евра.

Мојсовски и Каевски сметаат дека обвинението е политички мотивирано и во корист на изборната кампањата.

За ВМРО-ДПМНЕ, предметот најверојатно е потврда за како што велат, брзото богатење на пратеникот Каевски.

„Дарко Каевски ниту еднаш не одговори во јавност како со првото вработување како партиски одлмадок за директор на АМС, на 30 години набилда четири милиони во банка и сопствен стан? СДС ниту еднаш не објасни како дојде до концептот голтари влезени во политиката, а потоа милионери. Почитувани, одговорот можеби е во предметот на ЈО“, вели Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

За партијата на Каевски, нејасно е зошто во време на изборна кампања се поднесува обвинението, за кое сметаат дека прсти вмешала и опозициската партија. Ковачевски пак без конкретен одговор дали ќе побара одговорност од Каевски и Мојсовски.

„Едниот не е веќе директор, а вториот после 8 мај секако дека нема да биде директор, било да сум јас премиер или не. Со оглед на тоа дека сигурно дека доколку граѓаните се определат да дадат доверба на СДСМ да формира владата, тогаш ќе имаме многу нови кадри кои ќе управуваат со институциите“, вели Димитар Ковачевски, Претседател на СДСМ.

Мојсовски и Каевски одговараат за злоупотреба на положбата, а останатите како членови на централната комисија за распределба на спортските ваучери, обвинети се за несовно работење. Со обвинението се бараат и мерки на претпазливост, како одземаање пасош и редовно јавување во суд, но дали ќе се применат, одлучува судијата.