Уставен одлучи: Нема повеќе апанажа за поранешните функционери

Уставниот суд пресече. Нема да има апанажа за функционерите кои предвреме си поднеле оставка или предвреме им завршила функцијата.

Ова доаѓа откако денеска судот одлучи дека членот 22 од Законот за плати и надоместоци на функционерите е не уставен и донесе конечна укинувачка одука. Одлуката нема да важи за последните разрешени министри и функционери доколку поднесат барање за апанажа пред одлуката да излезе во Службен весник, бидејќи таа не е ретро активна и почнува да важи од моментот кога официјално ќе биде објавена велат од Уставен.

По однос пак на иницијативата на Левица која ја оспоруваше функцијата на Артан Груби како прв вице премиер судот денеска отфрли да ја разгледува, бидејќи ваква иницијатива пред уставните судии имаше во декември кога судиите се произнесоа дека нема ништо спорно.