Шон Пен ја држел Мадона врзана со часови: Холивудски скандали кои поминаа незабележано

Знаевте ли дека во 2015-та, во базенот на Деми Мур било најдено мртво тело на 21-годишно момче?

shon-pen-so-chasovi-ja-drzhel-madona-vrzana-holivudski-skandali-koi-pominaa-nezabelezhano-01.jpg

Повеќето холивудски скандали допираат до целиот свет речиси веднаш.

Но, понекогаш, дури и најбизарните и најголемите скандали, некако остануваат незабележани.

Неколку вакви скандали во продолжение:

Кети Пери бакна тинејџер во уста

Во 2018 година, пејачката беше дел од жирито на American Idol.

За време на аудиција, пејачката, која тогаш имаше 33 години, натера 19-годишен натпреварувач да ја бакне.

Најпрво му рече да ја бакне во образот, но таа се сврте и го бакна на устата. Пејачката се соочи со критики, а подоцна и момчето изјави дека се чувствувало непријатно.

„Пораснав во конзервативно семејство и ми беше многу непријатно. Сакав првиот бакнеж да ми биде посебен“.

Иако изјави и дека не се чувствувал како да бил сексуално вознемирен од пејачката, голем дел од јавноста стоеше на ставот дека Кети Пери направила грешка.

shon-pen-so-chasovi-ja-drzhel-madona-vrzana-holivudski-skandali-koi-pominaa-nezabelezhano-02.jpg

Џени Мекарти го бакна Џастин Бибер

Доколку повозрасен маж присилно бакне многу млада девојка, тоа дефинитивно ќе се смета за сексуално вознемирување.

За жал, многумина не го перципираат присилното бакнување како вознемирување кога станува збор за возрасна жена и младо момче.

Во 2012 година, на доделувањето на American Music Awards, актерката и модел Џени Мекарти присилно го бакна Џастин Бибер, без разлика што тој пробуваше и да ѝ побегне.

Во еден миг изгледа и како да сака да го допре за задникот.

Во меѓувреме, сите присутни се смееја.

Мекарти не се огласи за инцидентот, а не му се ни извини на пејачот.

shon-pen-so-chasovi-ja-drzhel-madona-vrzana-holivudski-skandali-koi-pominaa-nezabelezhano-03.jpg

Кевин Харт призна дека ја тепал поранешната девојка

Во неговите мемоари, Кевин Харт призна дека поминал една ноќ во затвор бидејќи физички ја нападнал неговата поранешна девојка.

Тој опишува и што мислел во моментот, односно дека ја гледал девојка му и си мислел дека пред него стои маж што сака да го истепа.

Актерот не се соочи со никаква критика за признанието.

shon-pen-so-chasovi-ja-drzhel-madona-vrzana-holivudski-skandali-koi-pominaa-nezabelezhano-04.jpg

Џејми Дорнан демнел жена

Актерот кој се прослави со 50 Shades of Grey, самиот кажа дека демнел жена за да се подготви за улога.

Во филмот The Fall тој глуми сериски убиец и изјави дека еднаш следел жена бидејќи сакал да види какво е чувството.

„Следев жена кога се симнав од возот. Кога таа излезе, си реков дека мора да се посветам на ова.

Ја следев низ неколку улици. Беше по малку возбудливо. Но, не сум горд на себе“, откри актерот.

shon-pen-so-chasovi-ja-drzhel-madona-vrzana-holivudski-skandali-koi-pominaa-nezabelezhano-05.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Деми Мур е бикини кралица во Грција на 60 години - рамен стомак, само малку целулит и лице без шминк... Деми Мур е доказ дека жените се секси во секоја деценија од животот, изгледа фит...
8 славни жени кои решија да станат мајки по 40-тата година Хилари Свонк остана бремена на 48 години, Наоми Кемпбел доби син со сурогат мајк...
Му беше девојка на Дражен Петровиќ, го одведе во смрт пред 30 години – Која е Клара Саланци, жената ... На денот на страшната несреќа пред 30 години, Клара Саланци го зела Дражен Петро...
Тој сакал да ја претвори во домаќинка, таа за инает прифаќала улоги – Зошто се развеле Брус Вилис и ... „Не знам каде згрешив во бракот!“ - наводно ова бил одговорот на Брус Вилис што ...
Метју Пери објавувал чудни фотки на Инстаграм – фановите мислат дека си ја предвидел смртта + нови д... Официјалната причина за смртта на Метју Пери сè уште не е откриена, но неговите ...
Зошто Анџелина не сака да се разведе од Бред Пит, откако биолошката ќерка ѝ го сврте грбот? Бред Пит повторно сака да стане татко и се надева дека во 70-тите години кога ќе...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg