Македонија игра со тага: Вадуц тивок, но поддршката за Кочани е „гласна“

Македонската репрезентација денеска игра обвиена со тага на квалификацискиот натпревар против Лихтенштајн.

Теренот во Вадуц е тивок, но „гласна“ е поддршката за Кочани каде во неделата се случи страшна трагедија во која 59 лица загинаа.

Околу 1.500 македонски навивачи се таму, но не се слушаат гласни скандирања, не се слави како некогаш. „Со Кочани сме“, „Почивајте во мир“, „Ова е за вас“ – натписи што сведочат за болката што Македонија ја носи во срцето.

Сите се во црно – бојата што денеска зборува повеќе од која било химна. Во црни дресови ќе се и фудбалерите на македонската репрезентација.

Вадуц можеби не е дома, но оваа репрезентација вечерва нема да биде сама.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното