Свирепо убиство вечерва во центарот на Прилеп – младо момче избодено до смрт!

Свирепо убиство се случило вечерва во строгиот центар на Прилеп.

Имено, како што дознава Маркукуле, група на млади луѓе најпрво физички нападнале, а потоа и со нож избоделе младо момче пред деветтокатницата.

Според информациите од очевидци, момчето потоа се обидело да побегне и паднало пред поранешен хотел “Скопје”, каде и починало.

Засега не е познат идентитетот на момчето, само се знае дека има имало околу 15-16 години.

Очекуваме повеќе информации во текот на ноќта.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1
spot_img

Најважното