Линкови за пристапност

Изборните резултати се одраз на незадоволство на електоратот од сегашната состојба на државата, сметаат аналитичарите


Експертите очекуваат релативно брзо формирање на нова влада
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:30 0:00

Експертите очекуваат релативно брзо формирање на нова влада

Резултатите од парламентарните и претседателски избори во Северна Македонија на кои СДСМ доживеа голем пораз, за аналитичарите се очекувани. За Ивица Боцевски тоа е така, поради „преголемите промени за крупни национални прашања, посебно во надворешната политика, без консултација со граѓаните“.

„Тоа ја уништи власта на СДСМ и ДУИ уште во самиот старт. Меѓутоа далеку позначајно беше што тие буквално се откажаа од владеење и државата премногу хаотично беше управувана во сите овие седум години. Имавме и еден невиден бум на корупција, на организиран криминал и непотизам“.

И Петар Арсовски смета дека изборните резултати се во рамките на очекувањата, со мали разлики во засилување на постојните трендови од првиот круг на претседателските избори, кои се појавиле во вториот круг на парламентарните избори.

„Се разбира дека големиот пораз на СДСМ и големата победа на ВМРО ДПМНЕ се должат на засилување на тие трендови, на стереотипното претставување на брендовите и на долготраечкото незадоволство на електоратот од состојбата во која се движи државата“.

Според Боцевски, ДУИ и покрај тоа што постигна добар резултат, „се преиграл“. Нивното владеење, вели тој, „кое се базираше на моноетнички шовинизам, сега има цена, која доаѓа во форма на опозиција“. Додава дека влезот на новите две политички сили е интересен факт од овие избори, но и тоа дека СДСМ го изгуби статусот на стожерна партија. „Тие во моментот не се водечка опозициска партија, туку тоа е ДУИ,“, вели Боцевски.

„Резултатот за коалицијата „ВРЕДИ“ е фантастичен, во смисла дека тие најверојатно го добија мнозинството гласови меѓу Албанците во Македонија. ВМРО секако ќе прави коалиција со „ВРЕДИ“. Можеби кон таа коалиција ќе се приклучи ЗНАМ на Максим Димитриевски, но ќе видиме како ќе течат преговорите“.

И Арсовски очекува сличен состав на новата Влада.

„Очекувам ВМРО-ДПМНЕ да направи влада со оние партнери, за кои најави дека се претпочитани партнери. Тоа се албанската опозиција и евентуално ЗНАМ, иако бројките на пратеници дозволуваат да се направи Влада и без ЗНАМ. Мислам дека релативно брзо треба да очекуваме преговори за влада, и дека составот на новата влада ќе биде релативно брзо познат“.

Вистинските предизвици за Владата доаѓаат подоцна додава Арсовски.

XS
SM
MD
LG