Тешко повреден малолетник на мопед од Германија
Објавено во: Македонија 14 Април, 2024
Синоќа во Струмица тешко е повреден малолетник кој управувал мопед со германски регистарски таблички, објави МВР.
„На 13.04.2024 во 20.00 часот во СВР Струмица било пријавено дека на крстосницата од ул.„Маршал Тито“ и ул.„Ристоман Попчевски“,во Струмица се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „голф“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Ќ.У.(24) од Струмица и мопед „априлиа“ со германски национални ознаки, управуван од малолетник од Струмица.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот констатирани во Медицинскиот центар Струмица. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Струмица“, извести СВР Струмица.