Регион

Србија: Продолжува акцијата „Добра цена“

18 мар 2024

Продолжува акцијата „Добра цена“ која започна минатата година во септември во Република Србија.

Во рамките на акцијата во над 2.500 продавници на територијата на Србија во понудата се опфатени 36 категории на производи по пониски цени.

Акцијата „Добра цена“ значајно придонесе во намалување на цените и затоа во нови околности носиме нова мерка. Ги следиме случувањата на пазарот, преговараме со трговците, производителите, добавувачите и наскоро ќе излеземе со нова акција, изјави за „РТС“, министерот за трговија, Томислав Момировиќ.

Тој во интервјуто за Дневникот на „РТС“, потсети дека Републичкиот завод за статистика соопштил дека оваа акција придонела во падот на инфлацијата.

 

 

Извор: РТС

Фото: Pexels



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...