2win800x200

Милевски-Благодарност до сите граѓани на Битола за големата поддршка

Април 25, 2024
Нема поголема чест, нема поголемо задоволство кога во пресудните моменти заедно со народот влегуваш во битка и ја добиваш!, објави Пеце илевски, кандидат за пратеник по вчерашените претседателски избори.
-Нашата кандидатка идната претседателка на Македонија Гордана Силјановска Давкова, во Битола освои двојно поголема поддршка од кандидатот на СДС.
И резултатот на државно ниво ја потврдува огромната предност. Разликата во гласовите е поголема во корист на кандидатката на ВМРО ДПМНЕ и коалицијата Твоја Македонија, од бројот на вкупно освоените гласови на сега второпласираниот во вториот круг на претседателската трка.
Огромна благодарност изразуваме до сите граѓани на Битола за големата поддршка и уверени сме дека на 8 мај Битола само уште посилно ќе ја потврди одлуката за промени, одлуката институциите да профункционираат, државата повторно во рацете на граѓаните, Македонија повторно горда, моја, твоја, наша!
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани