Семејството Гети е едно од најбогатите на сите времиња. Имале слава и богатство, но и бројни трагедии поради кои често за нив се зборувало како за опседнато семејство. Организатори на злосторството биле членови на озлогласената „Ндрангета“, калабриска организација поврзана со мафијата. Тоа не беше прв случај „Ндрангета“ да киднапира луѓе за откуп, но во овој случај очекувале огромен профит.
Стануваше збор за тоа дека киднапираниот 16-годишник бил внук на Џон Пол Гети, глава на едно од најбогатите семејства од тоа време и основач на „Getty Oil Company“. Киднаперите барале откуп од 17 милиони долари. Значителна сума на пари, особено во тие денови, но не и недостижна за дедото Гети III, милијардер.
Меѓутоа, богатиот дедо одбил да ја плати бараната сума, а својата одлука ја оправдал со тоа дека има уште 14 внуци, а ако на киднаперите им плател макар и една паричка, ќе имал 14 киднапирани внуци. Мафијашите по неколку месеци решиле да докажат дека се сериозни во своите намери.
Уво и прамен од косата на момчето биле отсечени и испратени до локалниот весник како доказ. Тие, исто така, напишале белешка во која се вели дека семејството има 10 дена да плати или во спротивно внукот ќе го „добијат“ на парчиња. Откако богатиот дедо решил да го плати откупот, сумата е намалена на 2,7 милиони долари.
Парите требало да ги достави правниот менаџер на Гети, Флечер Чејс. На 12 декември мажот ги однел парите на однапред договорена локација, но момчето било ослободено само неколку дена подоцна. Мафијашите пет месеци го држеле внукот на скржавиот милијардер во заробеништво.
Откако бил платен откупот, момчето било ослободено и оставено на бензинска пумпа во Италија на 15 декември 1973 година. Откако момчето било ослободено, полицијата уапсила девет члена на Ндрангета, криминалната група која го држела. Сепак, никој од водачите на злогласната група не бил фатен.
Несреќниот внук никогаш не се опоравил од траумата и завршил како наркоман. Во 1981 година, кога имал само 25 години, доживеал мозочен удар поради предозирање и останал слеп, неподвижен и нем.
Останал врзан за инвалидска количка, а починал во 2011 година на 55-годишна возраст, откако неговите витални органи престанале да работат.