Рецепт за полнет „расцветан“ леб со кашкавал, се топи во уста

Фото: Sergii Koval / Alamy / Alamy / Profimedia

На трпезата, како предјадење или збогатување свечено мени, совршено ќе се вклопи леб полнет со кашкавал, моцарела, кромитче со путер…

Изгледа комплицирано, но всушност е едноставно за подготовка, а вкусно кулинарското дело, кое говори повеќе од 1.000 зборови.

Доколку не сте љубител на кромид, лепчето ќе биде еднакво вкусно и без него, а можете да зачинете со магдонос, оригано и сл.

Леб на кој ретко кој може да одолее, веќе на првиот залак паѓате во искушение целиот да го изедете!

Состојки:

– 100 грама чедар, тенко исечен, или кашкавал по вкус

– 100 грама моцарела, тенко исечена

– 3 млади кромитчиња, ситно исечкани

– 1 округол леб од 400 грама

– 70 грама растопен путер

– 2 лажици сусам

– 2 лажици ленено семе

Подготовка:

Лебот исечете го по должина, а потоа и по ширина, да добиете коцки во големина на залчиња. Не сечете до крај, туку до долната кора, за да остане лебот цел и компактен и да не се растури додека се пече.

Тркалезна тепсија покријте со алуминиумска фолија, подолга од лебот.

Во исечениот леб наредете парчиња кашкавал.

Потоа нанесете ја смесата со кромид, путер и семки.

Кога ќе го исполните лебот, завиткајте го во фолија и ставете во рерна загреана на 180 степени и оставете да се пече 15 минути.

Одвиткајте ја фолијата и вратете во рерната на уште 10 минути додека не се растопи кашкавалот.

Послужете веднаш.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот