Напад со израелски дрон во Либан, четворица мртви

Либан/ Фото Elisa Gestri / ddp USA / Profimedia

Четири лица загинаа денеска во напад на израелски дрон врз возило во јужен Либан, соопшти либанската цивилна одбрана, а безбедносни извори наведоа дека станува збор за членови на екстремистичкиот Хезболах.

Оваа проиранска шиитска организација почна да ги напаѓа израелските воени позиции долж границата меѓу Либан и Израел еден ден по почетокот на војната меѓу израелската армија и палестинската терористичка организација Хамас на 7 октомври минатата година.

Оттогаш во Либан се убиени повеќе од 350 луѓе, од кои 275 се членови на Хезболах и повеќе од 70 цивили.

Во Израел загинаа 15 војници и десет цивили.

Странски претставници го посетуваат Либан во обид да помогнат во намалувањето на тензиите на границата, но Хезболах постојано повторува дека нема да престане да се бори додека не се воспостави прекин на огнот во војната во Газа

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот