logo
logo
logo

Денеска носете си ЧАДОР за секој случај, ќе има ПОВРЕМЕНИ ВРНЕЖИ

Vecer | 02.03.2023

Денеска носете си ЧАДОР за секој случај, ќе има ПОВРЕМЕНИ ВРНЕЖИ

Температурите во целата земја утрово се над нулата, времето е облачно и на места врнежливо. Најмногу дожд наврна во Пожаране, а потоа во Скопје. На Попова Шапка останаа само 12 сантиметри снег.

Во Охрид и Крушево се измерени 3 степени Целзиусови, 4 во Претор, 5 во Берово, Битола, Крива Паланка и Прилеп, 6 во Куманово, 7 Виница, 8 Скопје-Петровец и Дојран, 9 Штип и Гевгелија и 10 степени во Демир Капија.

За изминатите 24 часа најмногу наврнат воден талог до 7 часот (во l/m2) е измерен во Пожаране од 10 литри на метар квадратен, следат 6 во Скопје-Петровец и Охрид, 5 Куманово и Дебар, 4 Гевгелија, 3 Дојран и Крушево и 2 во Битола и Ѓуриште.

Висината на снежната покривка на Попова Шапка изнесува 12 сантиметри.

Како што соопшти УХМР, денеска се очекува претежно облачно време со повремени врнежи од дожд, особено попладне и во текот на ноќта. Врнежите ќе бидат пообилни во западните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 8 до 14 степени.

Во Скопје претежно облачно со повремени врнежи дожд, особено попладне и во вечерните часови. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе достигне 12 степени.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk