Јокиќ ги испрати Леброн и Лејкерс на годишен одмор

Кошаркарите на Денвер Нагетс го совладаа Лос Анџелес Лејкерс со резултат 108:106 и го елиминираа од првото коло од плеј-офот во НБА со вкупни 4-1 во серијата.

Во еден многу интересен меч се истакна Никола Јокиќ кој го заврши мечот со 25 поени, 20 скока и 9 асистенции, додека Џамал ​​Мареј постигна 32 поени, вклучувајќи и шут за два поени на четири секунди до крајот кој го реши победникот.

Remote video URL

Одличен беше и Леброн Џејмс со 30 поени, 9 скока и 11 асистенции, како и Ентони Дејвис со 17 поени и 15 скока, но заминаа на одмор кој ќе биде пократок од останатите соиграчи бидејќи се се очекува да игра во август за Соединетите Американски Држави на Олимписките игри во Париз.

Во второто коло од НБА плеј-офот на Западната конференција, Денвер ќе игра против Минесота која го „збриша“ Феникс со 4-0.

Премин во второто коло обезбедија кошаркарите на Оклахома Сити Тандер кои го победија Њу Орлеанс со 97:89 и го „уништија“ со 4-0.

Remote video URL

Оклахома во второто коло ќе игра против Лос Анџелес Клиперс или Далас Маверикс. Резултатот во таа серија е 2-2.

Бостон направи голем чекор кон пласман во второто коло со победата од 102:88 во Мајами, и поведе со 3-1 во серијата.

Remote video URL

Победникот од тој дуел во второто коло од плеј-офот на Истокот ќе игра против подобриот од дуелот Кливленд - Орландо (2-2).

Тагови
реклама

Ревматолог советува што да јадете наутро за здрави зглобови

Read more

Почна владеењето на Близнаците: Што ќе донесе за секој хороскопски знак?

Read more

Неколку трикови за идеални пржени лепчиња

Read more

Дали редовно го јадете зеленчукот што смирува воспаленија и го намалува холестеролот?

Read more

Кошарка

Јокиќ превртува очи на прашањето дали ќе игра за Србија на Олимпијадата

Read more

Индијана избори мајсторка со Њујорк, катастрофална шутерска вечер на Брансон

Read more

Јокиќ сите ги насмеа на пресот по неверојатниот пораз со 45 разлика

Read more

Нетс повлекуваат седми број: 15-ката на Винс Картер заминува во пензија

Read more
 

Спорт

Брест не може на својот стадион да биде домаќин во Лигата на шампиони

Читај повеќе

Хулен Лопетеги ќе биде тренер на Вест Хем

Читај повеќе

Разбојници пукале врз тројца фудбалери на Марсеј

Читај повеќе

Куп финалето в среда на Арената: Тиквеш и Воска по историја

Читај повеќе

Работа од соништата: Гледа натпревари, освојува трофеи и заработува милиони

Читај повеќе
  • play_arrow

Јокиќ превртува очи на прашањето дали ќе игра за Србија на Олимпијадата

Читај повеќе

Вардар последната битка за опстанок ќе ја бие во Струмица

Читај повеќе

Познати бараж двојките за пополнување на втората лига

Читај повеќе

Четворица фудбалери на Сити нема да добијат медали за освојување на лигата

Читај повеќе