Силен земјотрес го погоди Тајван

Земјотрес со јачина од 5,8 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди кинескиот регион Тајван.

Земјотресот е регистриран на длабочина од 10 километри, јавува Ројтерс.

Земјотресот беше почувствуван и во главниот град Тајпеј и на источниот брег на Тајван. Засега нема информации за материјална штета.

Ова е еден од 1.400 земјотреси од силниот земјотрес со јачина од 7,2 степени според Рихтеровата скала што го погоди Тајван на 3 април, при што загинаа 17 луѓе.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното