Тракторист настрада во виничко

63-годишен тракторист е тешко повреден откако излетал од коловоз.

Како што извести полицијата, вчера во 17.00 часот во Полициската станица Виница било пријавено дека во село Трстија-виничко, трактор „фергусон“ со штипски регистарски ознаки, управуван од С.Ј.(63) од с.Нов Караорман – општина Карбинци излетал од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Клиничка болница Штип.

Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Виница.