ФОТО | „Среќен роденден големо момче“: Синот на Даниел Кајмакоски наполни една година

Фото: Инстаграм/Даниел Кајмакоски

Македонскиот пејач Даниел Кајмакоски (40) и неговата сопруга Марина денеска го прославуваат првиот роденден на синот Стефан.

Победникот на регионалниот „Икс фактор“, кој веќе неколку години живее во Србија, објави неколку фотографии од малото момче, со кои го одбележа овој важен ден.

„Среќен роденден големо момче“, напиша Кајмакоски во описот.

Фото: Инстаграм/Даниел Кајмакоски
Фото: Инстаграм/Даниел Кајмакоски
Фото: Инстаграм/Даниел Кајмакоски

Исто така, пејачот реобјави и фотографија, која првично ја сподели неговата сопруга, на која се гледа роденденската торта.

Да потсетиме, Даниел Кајмакоски претходно беше во брак со манекенката Кристина Димитријевска, со која има едно дете – синот Давид.

По разделбата со Димитријевска во 2020 година, пејачот го чуваше приватниот живот далеку од очите на јавноста. Тоа се смени во септември 2022 година, кога ја сподели првата фотографија со неговата сегашна сопруга Марина.

ФОТО | „Ова е Стефан кралот“: Даниел Кајмакоски стана татко на уште едно момче

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот