1024 hPa
64 %

-1 °C
Скопје - Вто, 08.04.2025 03:18
Во Амазонската џунгла е откриено тело на кит долг 11 метри, далеку надвор од неговото природно живеалиште, а никој не знае како стигнал таму. Научниците засега претпоставуваат дека китот умрел затоа што конзумирал пластика во океанот, а потоа водата го фрлила толку далеку.
Овој настан се случил на островот Марајо, на устието на реката Амазон. Китот тежок околу 10 тони е пронајден во предел со густа вегетација на местото наречено плажа Араруна, област оддалечена десетина метри од брегот.
Но, за да се обидат целосно да разберат што се случило, експерти отпатувале на местото за да се обидат да утврдат како умрел кутриот кит. Додека биле таму, експертите процениле дека китот е стар околу една година. Она што довело до ова откритие на прво место е тоа што на местото биле забележани голем број птици грабливки.
„Мршојадците беа забележани како кружат над китот, кој се наоѓаше во околната грмушка”, велат научниците.
Претседателката на организацијата Бичо Д'Агве и специјалист за поморство, Рената Емин изјави:
„Сè уште не сме сигурни како стигнал до тука, но претпоставуваме дека суштеството лебдело на вода блиску до брегот и плимата, која беше доста силна во последните неколку дена, го повлекла и го исфрлила далеку од брегот. По сознанието за овој неверојатен подвиг, ние сме збунети и се прашуваме што прави еден грбав кит на северниот брег на Бразил во текот на февруари, бидејќи ова е многу необична појава. Тимот беше особено збунет поради оваа ситуација бидејќи китовите обично помеѓу август и ноември се наоѓаат во областа Баија. Потоа мигрираат на Антарктикот”.
Извор: https://magazin.politika.rs