САД и нареди на НАСА: Колку е часот на Месечината

Точка

03/04/2024

16:04

10.730

Големина на фонт

а а а

Белата куќа и нареди на НАСА да создаде единствен временски стандард за Месечината и другите небесни тела.

Бидејќи САД сакаат да постават меѓународни норми надвор од Земјината орбита, Канцеларијата на Белата куќа за наука и технологија (OSTP) и наложи на американската вселенска агенција до крајот на 2026-та година да осмисли план за стандард, како што наведува, за координирано лунарно време.

„Додека НАСА, приватните компании и вселенските компании ширум светот подготвуваат мисии за Месечината, Марс и пошироко, важно е да се воспостават стандарди на небесното време поради безбедност и точност“, соопштил заменик директорот на „OSTP“ за национална безбедност Стив Велби.


Рекол дека „времето различно поминува“ зависно од позициите во вселената и дека изгледа дека времето таму минува побавно отколку каде што е гравитацијата посилна, односно во близина на небесните тела. „Доследна дефиниција за време меѓу операторите во вселената е клучна за успешна способност во вселенската ситуациска свест, навигација и комуникација“, рекол Велби.

Белата куќа наведува дека целта е координираното лунарно време или „LTC“ да биде поврзано со координираното универзално време (UTC), со примарен временски стандард кој се користи во целиот свет за регулирање на времето на Земјата.


Белата куќа ја упатила НАСА да соработува со министерството за трговија, одбрана и сообраќај за да изработи стратегија за стандардно време која ќе ја подобри навигацијата и мисиите, посебно во просторот меѓу Земјата и Месечината.

Новиот стандард ќе се сконцентрира на четири карактеристики: следливост до UTC, доволна точност за поддршка на прецизна навигација и наука, отпорност на губење на контакт со Земјата и приспособливост во средини надвор од цислунарниот простор.


„Исто како што времето на Земјата се поставува со група атомски часовници на Земјата, група часовници на Месечината би можеле да постават лунарно време“, соопштил „OSTP“.

САД планира враќање на Месечината во 2026-та, што би требало да биде прво слетување на човештвото на Месечината од мисијата „Аполо 17“ во 1972-ра година.




Спонзорирани линкови

Маркетинг