Ретро шоу на стари автомобили олдтајмери во Крива Паланка

Во сабота 04.05.2024 год. со почеток од 11:30 часот на Градскиот плоштад во Крива Паланка ќе се одржи ретро шоу на стари автомобили олдтајмери со учество на клубот “Витези” од Куманово.

При крајот на минатата година формирано е првото Здружение Олдтајмер Витези од Куманово , кое брои 15-тина членови и има регистрирано повеќе од 30 стари автомобили. Успешно ја организирале изложбата на олтејмери која се одржа на „11 Октомври“ и предизвика голем интерес кај публиката. Тие ги повикуваат сите љубители на старите автомобили да им се придружат и да им помогнат да го заживеат клубот и да учествуваат во организација на нови настани кои ќе се одржат во тековната година.