Линкови за пристапност

САД и Израел ќе одржат виртуелен состанок за Рафа


Состанокот се случува кога Израел размислува за напад врз ирански цели како одговор на иранското лансирање на бараж беспилотни летала и балистички ракети минатиот викенд против Израел
Состанокот се случува кога Израел размислува за напад врз ирански цели како одговор на иранското лансирање на бараж беспилотни летала и балистички ракети минатиот викенд против Израел

Високи американски и израелски претставници денес ќе одржат виртуелен состанок за плановите на Израел за градот Рафа во јужниот дел на Газа, додека Вашингтон бара алтернативи за израелската офанзива, изјави американски официјален претставник.

Средбата е продолжение на слична средба одржана на први април.

Претседателот Џо Бајден го повика Израел да не спроведува офанзива од големи размери во Рафа за да избегне повеќе палестински цивилни жртви во Газа, каде што палестинските здравствени власти велат дека повеќе од 32.000 луѓе биле убиени во нападот на Израел.

Состанокот се случува кога Израел размислува за напад врз ирански цели како одговор на иранското лансирање на бараж беспилотни летала и балистички ракети минатиот викенд против Израел.

Вашингтон се обидува да ги одврати Израелците од одмазднички напади за да избегне разгорување на веќе напнатата ситуација, изјави втор американски официјален претставник.

Израелскиот министер за стратешки работи и советникот за национална безбедност повторно се очекува да ја предводат израелската делегација во виртуелните разговори, според лице запознаено со ова прашање.

Плановите за разговори лице в лице за Рафа се одложени како последица на иранскиот беспилотен и ракетен напад врз Израел, рече изворот.

Во Рамала, палестинската влада ја повика администрацијата на Бајден „веднаш да интервенира за да ја запре тековната израелска агресија против нашиот палестински народ“.

XS
SM
MD
LG