Русија трупа илјадници војници околу стратешки важниот украински град

Руски војници / Фото: EPA-EFE/SERGEI ILNITSKY

Русија собрала до 25.000 војници околу стратешката населба Касив Јар, соопшти вчера украинската војска, додека Кремљ тврди дека зазел уште едно село во регионот на Доњецк, пишува Њузвик.

„Непријателот собра група од 20.000-25.000 војници“ околу Часив Јар, изјави Назар Волошин, портпарол на украинската група сили Хортица, во изјава за украинската телевизија пренесена од локалните медиуми.

Часив Јар, клучен град лоциран западно од градот Доњецк и Бахмут, контролиран од Русија, е наречен „град-тврдина“ од Институтот за војна (ISW). Заземањето на Часив Јар ќе и помогне на Русија да ги нападне останатите важни населби од одбраната на Украина, оценуваат тие.

-Заземањето на Часив Јар, исто така, би можело да и дозволи на Русија да ја отсече населбата Костиантивка, со што веројатно ќе се скрши „рбетот на одбраната на Украина“ во регионот на Доњецк, тврдат тие.

Началникот на украинската армија, генерал-полковник Олександар Сирски, минатиот месец изјави дека Москва се обидува да ја „пробие одбраната западно од Бахмут“, да ја преземе контролата врз Часив Јар и „да создаде услови за понатамошен напредок“ кон градот Доњецк Краматорск, лоциран северозападно од Часив Јар.

-Кремљ сака да го заземе Часив Јар до 9 мај, рече Сирски.

Украинските и руските сили продолжија да се борат во близина на Часив Јар на 4 мај, но немаше потврдени промени на оваа линија на фронтот“, соопшти ISW во саботата. Русија ги насочи своите главни напори на источните линии на фронтот, западно од Бахмут и западно од Авдиевка, поранешно украинско упориште што Русија го зазеде во февруари 2024 година.

Украинската армија вчера соопшти дека во последните 24 часа одбила десетина напади кај Бахмут, вклучувајќи ги и оние околу селата Клишчиивка, југозападно од Бахмут и Иванивска, западно од Бахмут и источно од Часив Јар.

Продорите на Русите

Руското Министерство за одбрана соопшти дека нејзини војници ги нападнале украинските позиции кај Бахмут, вклучително и околината на Клишчиивка.

Руските сили „целосно го ослободија“ селото Очеретине, северозападно од Авдиевка, која е под руска контрола, додаде Москва во соопштението.

Украинските вооружени сили на крајот на април објавија дека Русија зазеде упориште во Очеретин и дека продолжуваат тешките борби.

Руските сили постигнаа „значаен тактички напредок“ во близина на Арханхелск, северозападно од Авдиевка, помеѓу петокот и саботата, соопшти ISW во својата најнова проценка. Руските медиуми објавија претходно овој месец дека Украина се повлекла од селото, а геолокацираните снимки од петокот покажуваат дека киевските трупи се повлекуваат од северот на селото, соопшти ISW.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот