Сè е готово: Килијан Мбапе го избра својот број во Реал Мадрид!

Килијан Мбапе/фото: EPA-EFE/YOAN VALAT

Килијан Мбапе дефинитивно го напушта ПСЖ на крајот на сезоната, и се сели во Реал Мадрид, без разлика дали клубот од Париз ќе ја освои Лигата на шампионите.

Францускиот фудбалер ја донесе својата конечна одлука, прашање е само кога ќе ја соопшти.

А, според шпанските медиуми, еден од најдобрите играчи во светот го избрал бројот на дресот на кралскиот клуб.

Мбапе се одлучи за дресот број „10“ кој моментално го носи Лука Модриќ во Реал, што доволно говори за тоа што челниците на клубот од Мадрид одлучија да не го продолжат договорот со хрватскиот фудбалер.

Дека се оди во тој правец и дека францускиот напаѓач кариерата ќе ја продолжи во голем тим говори и фактот што неодамна од Серхио Рамос купи луксузна вила во богатото предградие на Мадрид за 18.000.000 евра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот