Регион

Србија: Надворешната трговска размена достигна 10,5 милијарди евра

04 апр 2024

Републичкиот завод за статистика соопшти дека  вкупната надворешна трговска размена на Србија за првите два месеца од годинава изнесува 10,5 милијарди евра.

 Во месеците јануари и февруари била извезена стока во вредност од 4,6 милијарди евра, што претставува пораст од 3,2 % во одно на истиот период претходната година. Во истиот период е увезена роба во вредност од 5,8 милијарди евра, што е за 1,3 % помалку во однос споредено со претходната година.

 Дефицитот изнесува 1,2 милијарди евра, што е намалување од 15,4% во споредба со истиот период од претходната година.

 Покриеноста на увозот со извозот во овој период достигнал 79,2% и покриеноста била поголема споредено со претходната година кога изнесувала 75,7%.

 Надворешно трговската размена била најголема со земјите со кои Србија има потпишано договори за слободна трговија. Со зејмите членки на ЕУ вкупната трговска размена е 60,8%.

 

Извор: „РСЗ“

Фото: Pexels



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...