Закажување
лекарски преглед, купување билет за воз, дури и закажување состанок со
пријателите - денес луѓето прават речиси сè со мобилен телефон или компјутер.
Во Германија, сепак, сè уште има милиони луѓе кои никогаш не се појавиле на
интернет.
Сè на сè, ова е
околу пет отсто од германското население на возраст меѓу 16 и 74 години, или
3,1 милиони луѓе, објави во вторникот Федералниот завод за статистика.
Т.н. офлајн луѓе
се најбројни меѓу постарите - 15 отсто од сите од возрасната група 65-74
години. Кај луѓето на возраст од 45-64 години, уделот на офлајн корисници е
нешто помалку од пет проценти.
Во најмладата
група, на возраст од 16 до 44 години, само еден од 50 никогаш не користел
Интернет.
Според овие
податоци, Германија стои нешто подобро од просекот на Европската унија, во која
уделот на луѓето офлајн е шест отсто.
Најмалку офлајн
корисници, помалку од еден процент, има во Луксембург, Данска, Холандија и
Шведска. Најмногу се во Хрватска, 14 отсто, Грција 13 отсто, Португалија и
Бугарија по 12 отсто.