Украински сателитски ТВ канали подложени на кибер напад

Фото: Pexels

Една од главните медиумски компании во Украина, „1+1 медиа“, денеска соопшти дека нејзините сателитски ТВ канали биле подложени на кибер напад.

Во соопштението на компанијата се вели дека 39 канали, вклучително и некои нејзини, во моментов се недостапни.

„Направен е уште еден обид да се пригуши сателитското емитување на Украина на транспондерот ‘Астра 4A 11766 H’, каде што се емитуваат 39 ТВ канали“, соопшти компанијата. Таа додаде дека од март Русија започнала „активно пригушување на сигналот“ на ТВ каналите на два сателита кои припаѓаат на европските оператори СЕС и Еутелсат.

Од целосната инвазија на Русија во февруари 2022 година, Украина претрпе голем број кибер напади, за кои Киев ја обвинува Москва.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот