Во која земја младите се најсреќни? Не, не е Македонија

Секоја година се објавува World Happiness Report, годишно рангирање на најсреќните земји.

Финска седма година по ред го освои првото место во генералниот пласман. Но, за лица под 30 години, првото место ѝ припадна на Литванија.

„Литванија стекна независност во 1990 година. Тоа значи дека младите луѓе под 30 години го поминале целиот свој живот во независна Литванија, додека другите возрасни групи ја доживеале суровата реалност на Советскиот Сојуз“, рече Антанас Кајрис, вонреден професор по психологија на Универзитетот Вилнус.

Економијата на Литванија значително се подобри откако земјата влезе во НАТО и стана членка на Европската Унија во 2004 година.

„Литванија доживеа навистина силна трансформација на економијата и општеството и мислам дека главниот фактор на среќа е што Литванија е силна, безбедна и модерна демократија“, додаде Кајрис.

Има и други аспекти кои придонесуваат за среќата на младите во Литванија. На прво место, луѓето се чувствуваат како да имаат шанса.

„Економскиот раст значи повеќе пари, но и повеќе можности. Младите можат да учат, да патуваат, да избираат активности. Имаме навистина високо ниво на високообразовани луѓе“, смета Кајрис.

Освен тоа, во оваа земја се цени времето поминато со семејството, пишува HuffPost.

„Многу млади луѓе сè уште живеат со своите родители. Доколку студираат или работат во друг дел од земјата, можат без проблем да го посетат родниот град бидејќи Литванија е доволно мала. Покрај тоа, познато е дека постарите ги штитат своите деца, и младите знаат дека секогаш можат економски да се потпрат на нивните родители“, вели професорката по психологија Јунона Алмонаитиен.

Повеќекратните студии потврдија дека социјалните врски се клучни за благосостојбата, па не е изненадување што овој аспект им помага на младите да бидат посреќни.

Тие се благодарни и живеат во моментот

Во Литванија, чувството на благодарност е високо ценето.

„Постојат социолошки студии кои покажуваат дека многу луѓе овде во Литванија се чувствуваат под стрес поради војната, се плашат од можна инвазија. Но затоа се обидуваат да го живеат својот живот токму сега и не ги одложуваат добрите работи за иднината“, забележува Алмонаитиен.

Конечно, зборувајќи за среќата, професорот Кајрис забележува дека е важно да го контролираме што можеме.

„Не можете да ги контролирате вашите карактеристики на личноста, но можете да вежбате медитација за да се смирите. Постојат фактори кои не можете да ги промените, а има и некои фактори кои можете да ги промените со малку труд. Спиењето, здравата исхрана и вежбањето се исто така важно“, заклучи тој.

Македонија најслабо рангирана на Балканот

Според овогодинешниот Извештај на ОН за светската среќа, Финска е на прво место, Данска е втора, а Исланд трет. Што се однесува до балканските земји од 143 рангирани, Македонија е на 84. место, Хрватска е на 63. место, Словенија е на 21. место, Србија на 37, и Босна и Херцеговина на 65. место.

Кога ќе ја погледнеме листата за млади под 30 години, Македонија се рангира на 67. место. Соседна Србија е на третата позиција, Хрватска на 14-то, Словенија на 15-то, Косово на 23-то, БиХ на 33-то, Бугарија на 40-то, Грција на 53-то, Албанија на 66-то...

Целиот извештај можете да го прочитате ТУКА.

реклама

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Read more

Потврдено: Претседателот на Иран загина во пад на хеликоптер

Read more

Детали од свадбата што откриваат дека бракот нема да трае долго

Read more

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Живот

Дали градината треба да се полева наутро или навечер?

Read more

Направи магија вредна 500.000 денари

Read more

Колку најмалку треба да спиеме за да го „преживееме денот“?

Read more

Кога работниците најчесто лажат дека се болни?

Read more
 

Магазин

Како да испечете вкусен и крцкав леб во тенџере?

Читај повеќе

Дали градината треба да се полева наутро или навечер?

Читај повеќе

Дали редовно го јадете зеленчукот што смирува воспаленија и го намалува холестеролот?

Читај повеќе

Направи магија вредна 500.000 денари

Читај повеќе

Колку најмалку треба да спиеме за да го „преживееме денот“?

Читај повеќе

Детали од свадбата што откриваат дека бракот нема да трае долго

Читај повеќе

Кога работниците најчесто лажат дека се болни?

Читај повеќе

Скриени симптоми на висок крвен притисок

Читај повеќе

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Читај повеќе