Loading Video...
Свет
26. February 2024 - 19:59

Преглед на вестите од светот

Палестинскиот премиер Мохамед Стајех изјави дека поднел оставка и својата одлука му ја пренел на палестинскиот претседател, Махмуд Абас.
Стајех истакна дека поднел оставка со цел да се изгради поширок консензус меѓу Палестинците за политичките аранжмани по израелската војна против Хамас во Појасот Газа.

„Ројтерс“ наведува дека овој потег доаѓа во време на зголемен притисок на САД врз претседателот Абас да ја реорганизира палестинската самоуправа во време кога се интензивираат меѓународните напори за прекин на борбите во Појасот Газа и почнување на работа на создавање политичка структура за управување со енклавата по војната.

Истовремено, Израел продолжува со своите напади на територијата на Газа. Израелската армија соошти дека ликвидирала поголем број на палестински милитанти во пресрет на најавената офанзива во Рафа која Нетанјаху ја гледа како еден од последните чекори до целосна елиминација на Хамас.

Ескалира ситуацијата на протестите на белгиските земјоделци кои денеска го окупираа Брисел. Земјоделците ги блокираа улиците со трактори и запалија купишта гуми пред седиштето на ЕУ барајќи повисоки цени на земјоделските производи, финансиска помош за зелената транзиција и прекин на договорите за слободна трговија, додека трае  состанокот на министрите за земјоделство од цела ЕУ кои разговараат за кризата во овој сектор.
Полицијата пукаше со водени топови кон демонстрантите кои фрлаа шишиња и јајца, додека околу 900 трактори заглавија делови од Брисел, на кратко растојание од оградената област каде што се одвива состанокот на министрите за земјоделие од земјите на ЕУ.

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп брзо напредува кон својата трета по ред републиканска претседателска номинација, упатувајќи се кон ноемвриски реванш на националните избори во 2020 година што ги загуби од демократскиот претседател Џо Бајден.

Трамп лесно триумфираше во саботата вечерта, над неговиот последен преостанат републикански предизвикувач, Ники Хејли, победувајќи ја во нејзината родна држава Јужна Каролина, каде што беше гувернерка од 2011 до 2017 година.

Резултатите ги принудија другите кандидати да се откажат од трката за републиканската претседателска номинација а Хајли веројатно ќе остане само декор до така наречениот супер вторник на 5 март, кога одеднаш ќе гласаат 15 држави.