Од печат излезе 34. издание на списанието „Филозофска трибина”

05.01.2024 14:53
Од печат излезе 34. издание на списанието „Филозофска трибина”

Филозофското друштво на Македонија информира дека од печат излезе 34. издание на списанието „Филозофска трибина”.

„Оваа свеска нема централна тема и во неа можат да се сретнат шест авторски текстови, од Мирко Ѓошевски, Трајче Стојанов, Марија Тодоровска, Александар Стаматов, Пантелеј Кондратјук и Бошко Караџов”, велат од Филозофското друштво на Македонија.

Списанието содржи и два преводи на текстови, од Еуген Финк и Стивен Фридман, во превод на Трајче Серафимовски и Ана Димишковска.

Во рубриката Студентски форум има три текстови, од Сара Котеска, Андреј Лазаревски и Илија Вељаноски.

„Рубриката Прикази содржи еден прилог од Ана Димишковска. Последната рубрика Филозофски живот ги содржи стандардните прилози (прегледите на филозофските настани и на новообјавените наслови со филозофско педигре), како и Осврт кон 13. Филозофски филмски фестивал сочинет од Марија Велинова”, стои во соопштението.

Излегувањето на овој број на „Филозофска трибина“ е поддржан од страна на Министерството за култура и тој може да се најде во книжарниците „Или–Или”, „Култура” и „Буква” по цена од 150 денари по примерок.

Целокупната содржина на бројот е достапна на следниот линк од веб-страницата на Филозофското друштво на Македонија.

Извор:https://fdm.mk/

ОкоБоли главаВицФото