Маричиќ: Очекуваме Стево Пендаровски да победи во вториот круг, граѓаните сакаат претседател со јасни ставови и политики

Бојан Маричиќ - СДСМ/ Фото: ''Слободен печат'' / Драган Митрески

„На ливчето во вториот круг на претседателските избори има само двајца кандидатаи – на СДСМ, актуелниот претседател Стево Пендаровски и кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Сиљановска-Давкова. Граѓаните имаат еднсотавен избор“ рече кандидатот за пратеник на СДСМ и Коалицијата за европска иднина, Бојан Маричиќ во емисијата „24 отворено“.

Тој додаде дека СДСМ ги повикува сите грааѓни кои сакаат да имаат претседател со јасни ставови, јасна политика и без дамка, кој ќе ја води државата на јасно зацртан европски пат да гласаат за Стево Пендаровски.

„Ние очекуваме поддршка од сите граѓани, се обраќаме до сите граѓани и знаеме дека гласовите се бројат од 0 во вториот круг. Согласно тоа, во директен разгвор со граѓаните и повик до сите партии кои веруваат во таков претседател очекуваме поддршка и очекуваме дека во вториот круг ќе победи Стево Пендаровски“ рече Маричиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот