Адамчевски за ТВ 24: Зад претседателските кампањи се надзира и парламентарната кампања

Новинарот Мирче Адамчевски во емисијата 24 анализа рече дека оваа кампања не враѓа 20 години наназад, кога имаше и многу црн ПР. Зад претседателските кампањи се надзира и парламентарната кампања.

- Сметам дека ако вака продолжат, добро е што ќе траат кратко и тоа е најдобро за гласачите и нема да има црнила. Мислам дека во моментов не може да кажеме дека кампањите носат нешто. Тие не можат да направат промена во една или друга насока за една партија. Веројатно Македонија ќе созрее понатаму и овие кампаши ќе бидат се помалку потребни.- рече Адамчевски