ФОТО | Ноне Неделковска ужива во тоа што го работи: „12 години работа на бродови за крстарење“

Ноне Неделковска / Фото: Instagram / nona.nedelkovska

Ноне Неделковска го освои срцето на македонската јавност уште при нејзиното појавување на шоуто за нови музички таленти „Идол“. Иако со години не е активна на музички план, таа е актуелна на социјалните мрежи.

За неа животот е патување, а бидејќи работи на брод кој постојано плови на егзотични дестинации, Ноне веќе 12 години буквално „го шета светот“. Сите убавини ѝ се на дланка и има можност да запознае луѓе од најразлични култури.

Таа редовно објавува фотографии од своите посети на местата на кои оди. Сега, таа сподели селфи со кое се пофали дека одбележува 12 години работа на бродовите за крстарење.

„Април. 12 години работа на бродови за крстарење“, напиша таа покрај фотографијата.

Фото: Instagram / nona.nedelkovska

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот