Свет

Германија: Се очекува бавен раст на економијата

18 мар 2024

Бруто домашниот производ на Германија ќе се намали за 0,1 отсто во првиот квартал од оваа календарска година.

Анкетата која ја спроведе „Блумберг“ меѓу економистите покажуваат ревизија на најниско во однос на очекувањата од пред еден месец кога покажувале стагнација.

Исто така, „Буднес банка“ соопшти дека Германија најверојатно е во шест месечен пад, иако нагласува дека „сериозен пад е малку веројатен“. Слично на тоа соопштија и од министерството за економија, дека според поголемиот број истражувачки институти „ се очекува бдп повторно да падне во првиот квартал од 2024 година“.

 И покрај позитивните трендови во индустриското производство, градежништвото и надворешната трговија во 2024 година, сѐ уште не се гледа значително економско опоравување, се наведува во месечниот извештан на министерството за економија од каде што додаваат дека тоа е поради „континуираната слаба домашна побарувачка, високите трошоци за финансирање и се уште пригушеното раслопожение меѓу домаќинствата и компаниите“.

 Испитаниците во истражувањето на „Блумберг“ исто така ја намалиле својата прогноза за 2024 година и сега очекуваат збирен раст од 0,1 отсто.

 Извор: biznis.rs

Фото: Pexels



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...