07 Мај, 2024
0.0272

НИКОЛОСКИ НА СРЕДБИ ВО ММФ: Здравите економски политики поттикнуваат забрзување на економскиот раст

Објавено во: Економија 20 Април, 2024

Добивај вести на Viber

Македонија продолжува да води здрави економски политики. Фискалната политика даде соодветен одговор во справување со кризата, а поставената цел за фискална консолидација во наредниот период преку заштеди и поголема поддршка на економијата со инвестиции е основа за забрзување на економскиот раст на среден рок. Владата останува посветена на реформите коишто се клучни за напредок и постигнување повисоки стапки на економски раст и забрзана интеграција во ЕУ. Напредокот во евроинтегративниот процес и реализацијата на новиот европски План за раст на Западен Балкан се исто така дополнителен придонес во остварување на поставените политики. Ова беше посочено на средбите на заменик-министерот за финансии Филип Николоски во Вашингтон со заменик на генералниот директор на ММФ Бо Ли, извршниот директор на ММФ Пол Хилберс, алтернативниот извршен директор Лук Дресе, како и директорот на ММФ за Европа Алфред Камер.

„РС Македонија во изминатите две години доби значајна поддршка од Меѓународниот монетарен фонд, која воедно беше и потврда за здравоста на економските политики што ги спроведува. Преку пристапот до Програмата за ликвидност и претпазливост, ги потврдивме здравите политики, а од страна на ММФ беше позитивно оценет првиот преглед за ПЛЛ што овозможи повлекување на втората транша финансиски средства од овој инструмент. Остануваме на патеката на постепена фискална консолидација, намалување на буџетскиот дефицит, зголемени средства за јавни инвестиции и поттикнување на економскиот раст и постигнување просечни стапки на раст од 5 oтсто“, рече заменик-министерот Николоски.

Тој додаде дека оваа година се очекува интензивирање на економската активност, која ќе биде поттикната од зголеменото учество на капитални расходи во Буџетот, силните инвестиции во инфраструктурни проекти, како и приватната потрошувачка, поддржана од растот на платите.

Дополнително влијание, како што додаде, покрај домашните фактори ќе има и очекувањата за нормализација на глобалното опкружување, стабилизирање на глобалните синџири на снабдување, растот на економската активност кај нашите главни трговски партнери и слично.

„Најголем придонес кон раст во 2024 година се очекува од бруто-инвестициите со планиран раст од 8,4 отсто, главно поттикнати од интензивирањето на реализацијата на големите инфраструктурни проекти на коридорите 8 и 10, зголемена доверба кај инвеститорите, очекуваниот прилив на странски директни инвестиции, зголемениот интерес за инвестиции во обновливи извори на енергија, зголемената активност во индустриските зони и најавените нови инвестиции кои ќе придонесат за раст на извозот за 4,6%, како и приватната потрошувачка која се очекува да има реален раст од 3,1 отсто и надворешната побарувачка темелна на подобрување на надворешното опкружување, односно раст во еврозоната и зголемување на економската активност во Германија“, истакна заменик-министерот за финансии, кој посочи и на очекувањата од реализацијата на европскиот План за раст на Западен Балкан и активностите коишто се одвиваат со забрзана динамика во овој процес и секако стабилизирање на инфлацијата.

Ваквото поповолно опкружување ќе даде основа за преориентација на владините политики од справување со криза кон остварување засилена економска активност, смета заменик-министерот, кој наведе дека поради се уште присутните ризици и предизвици, во Буџетот и во оваа година се обезбедени средства за надминување на одредени кризни состојби.

Средбите се одржаа во рамки на Пролетните средби на ММФ и Светска банка во Вашингтон, каде заменик-министерот за финансии Филип Николоски учествува заедно со гувернерката на Народната банка на РС Македонија Анита Ангеловска-Бежоска. Во Вашнгтон, тие ќе остварат средби и со високи претставници на Светска банка, односно со потпретседателката на Светска банка Антонела Басани, извршниот директор на Светска банка Јуџин Ругенат, директорката на Светска банка за Западен Балкан Шиаочин Ју.

Можеби ќе ве интересира

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ЕУ: Koи земји се со најниска стапка?

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ЕУ: Koи земји се со најниска стапка?

РАСТАТ ЦЕНИТЕ И ВО УГОСТИТЕЛСТВОТО - најмногу поскапеле ноќевањата, но и храната во рестораните

РАСТАТ ЦЕНИТЕ И ВО УГОСТИТЕЛСТВОТО - најмногу поскапеле ноќевањата, но и храната во рестораните

САМИТ НА МАКЕДОНИЈА2025 НА 15 И 16 МАЈ – ФОКУС НА ИНИЦИРАЊЕ ПРОМЕНИ И ИНОВАЦИИ ВО ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА

САМИТ НА МАКЕДОНИЈА2025 НА 15 И 16 МАЈ – ФОКУС НА ИНИЦИРАЊЕ ПРОМЕНИ И ИНОВАЦИИ ВО ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА

НАЈБОГАТИОТ ЧОВЕК НА СВЕТОТ ИМ ОБЈАВИ ВОЈНА НА ГИГАНТИТЕ СО КАРТИЧКИ: Доста е!

НАЈБОГАТИОТ ЧОВЕК НА СВЕТОТ ИМ ОБЈАВИ ВОЈНА НА ГИГАНТИТЕ СО КАРТИЧКИ: Доста е!

ИНФЛАЦИЈАТА ПОВТОРНО ВИСОКА - на годишно ниво е забележан раст од 4 проценти, еве каде има најголемо поскапување

ИНФЛАЦИЈАТА ПОВТОРНО ВИСОКА - на годишно ниво е забележан раст од 4 проценти, еве каде има најголемо поскапување

КОЈ Е ЧОВЕКОТ ШТО ЌЕ ГО НАСЛЕДИ ПОЗНАТИОТ ВОРЕН БАФЕТ - тој е навистина тежок шеф кој ви ги проверува сите бројки

КОЈ Е ЧОВЕКОТ ШТО ЌЕ ГО НАСЛЕДИ ПОЗНАТИОТ ВОРЕН БАФЕТ - тој е навистина тежок шеф кој ви ги проверува сите бројки

„ГОЛЕМА ЧЕСТ ЗА НАШАТА ЗЕМЈА“: Брнабиќ ја нарече историска посетата на Кси Џинпинг, еве што кажа за соработката

„ГОЛЕМА ЧЕСТ ЗА НАШАТА ЗЕМЈА“: Брнабиќ ја нарече историска посетата на Кси Џинпинг, еве што кажа за соработката

Интервју со Бранко Азески - Како да се излезе од маѓепсаниот круг на низок економски раст?

Интервју со Бранко Азески - Како да се излезе од маѓепсаниот круг на низок економски раст?

КАКО СЕ ПРАВИ ЧИСТ ПРОФИТ ОД ТРИ МИЛИОНИ ЕВРА ЗА САМО ТРИ МЕСЕЦИ - рецептот го има прилепска компанија со странски газди

КАКО СЕ ПРАВИ ЧИСТ ПРОФИТ ОД ТРИ МИЛИОНИ ЕВРА ЗА САМО ТРИ МЕСЕЦИ - рецептот го има прилепска компанија со странски газди